Фудбалерите на Холандија забележаа прва победа на Европското првенство, откако попладнево ја совладаа репрезентацијата на Полска со 2:1.
Во истата грпа Д, се наоѓаат уште и Австрија и Франција, кои својот меч ќе го одиграат следните денови.
Полјаците поведоа во раната фаза од мечот, во 16. минута, кога успешно го искористија првиот корнер. Зелински ентрираше, а Букса со глава ја затресе мрежата на Холандија.
Следуваше „јуриш“ на Холандија и тоа се исплатеше. Во 30. минута изедначуваат преку Коди Гакпо, кој го матира Шчесни, кој брилјираше на голот до тој момент.
Јунакот на Холандија на крајот беше Вегхорст, кој влета во игра од клупата и по првиот допир со топката, во 83. минута, им донесе победа на „лалињата“.