Холандија не гази: Македонија чекори кон нов пораз

Ракометната репрезентацијата на Македонија има голема негатива по првите 30 минути од натпреварот против Холандија, во второто коло од Светското првенство.

Противниот води со 18-11, а нашиот национален тим не личи буквално на ништо бидејќи не функционира ниедна линија. Рамноправни бевме само во првите 5-6 минути, кога и водевме со 1-0, 2-1 и 3-2. Следуваше серија од 5-0 на Холанѓаните за водство од 7-3 по што „лалињата“ не го испуштија водството до крајот на полувремето.

Четворица македонски репрезентативци имаат по два гола: Атанасијевиќ, Кузмановски, Манасков и Пешевски. Четири одбрани Никола Митревски, а три повеќе на спротивната страна Равенсберген.