Хјуит: Знам дека Кирјос е разочаран

Лејтон Хјуит е воодушевен од играта на Ник Кирјос која ја пружил на Вимблдон.

Кирјос оваа година се пласира во финалето, каде беше поразен од Новак Ѓоковиќ, но очигледен е неговиот напредок и тоа им се допадна на многумина.

Иако загуби, очигледно играта на Кирјос многу му се допаднала на Лејтон Хјуит.

Знам дека длабоко во себе е разочаран што не дојде до трофејот на Вимблдон. Му реков дека требада биде горд на себе и на својата игра. Сите ја знаат моќта на неговиот удар и стилот на игра. Треба само да продолжи напорно да работи и да верува во себе, се ќе си дојде на свое“, порача Хјуит.

Момчето од Канбера претходно оваа година го одби повикот на селекторот на Австралија, Лејтон Хјуит, но планира повторно да го покани.

Би сакале да игра со нас. Со него сме многу силни во тимот во целина, тој може да игра и сингл и дабл што е важно за овој формат“, истакна Хјуит.