Хит на денот: Реакцијата на Меси кога дозна дека Бартомеу поднел оставка

Лионел Меси е победник во интерната битка во Барселона која почна по дебаклот од Баерн во Лигата на шампионите, а заврши синоќа.

Ривал му беше претседателот Жосеп Марија Бартомеу од кого беше побарана оставка по тој натпревар за серијата лоши потези последните години. Досегашниот прв човек на клубот не сакаше да слушне за тоа, се правеше силен, се додека не почна постапка против него која ионака ќе кулминираше со изгласување недоверба.

Заминувањето на Бартомеу ги израдува сите навивачи на Барселона, но особено му се допадна на Меси. Денеска е актуелен неговиот израз на лицето откако синоќа ја дозна среќната информација и тоа додека со тимот се подготвуваше за тренинг на стадионот на Јувентус.