Хименез со порака до најблиските и до фановите по повредата од мечот со Арсенал

Раул Хименез доживеа тешка повреда на мечот против Арсенал, па истакна дека се надева дека наскоро ќе се врати.

Ви благодарам на сите луѓе кои ми испратија пораки со внимание и ме прашаа како сум. Се надевам дека наскоро повторно ќе се вратам на терен“, порача Раул Хименез.

Хименез беше тешко повреден во неделата за време на гостувањето кај Арсенал, кога во дуело со Давид Луиз, тој го извлече подебелиот крај.

Хименез несомнено е еден од клучните играчи на квалитетниот Волс, па сите се надеваат во тој клуб дека нивниот херој наскоро повторно ќе се натпреварува.