Хески предвидува дека Реал и Барселона ќе ги кршат копјата за – Јирген Клоп!

Емил Хески, кој своевремено играше долго на „Енфилд“ за Ливерпул, смета дека Јирген Клоп ќе биде ова лето на радарот на Барселона и Реал Мадрид, но дека германскиот стратег ќе размислува само за Ливерпул и никој д руг.

Ливерпул со Клоп освои минатата сезона ЛШ, а се на чекор да освојат и титула во Премиер лигата доколку сезоната се одигра.

Таквата ситуација Хески тврди дека ќе му ласка на Клоп, односно дека по него ќе дојдат Барселона или Реал Мадрид.

Секогаш има опција Клоп да го напушти Ливерпул и да се приклучи на тимови какви што се Реал или Барселона. Но не сум сигурен дека Клоп е готов со овој проект во Ливерпул кој го гради. Клоп го врати клубот на фудбалската мапа, и мислам дека тој самиот е свесен дека овде има незавршена работа“.

„Сигурен сум и дека кога ќе се појават првите информации за можното заминување на Клоп, навивачите на Ливерпул ќе бидат загрижени, јас лично сметам дека Клоп би можел да остане и да го догради проектот кој го почна пред неколку сезони“, констатира Хески.