Херојско второ полувреме за МЗТ Скопје во Сараево кое им донесе победа во АБА2

МЗТ Скопје на фантастичен начин вечерва во Сараево, во рамките на АБА2 првенството, дојдоа до победа против Спарс.

Иако првиот дел не навестуваше славје за тимот на Кочов, бидејки по првите 20 минути, домашните имаа пре дност од дури +15 (42:27).

Но кошарката многупати досега направила драматика, па така и вечерва во Сараево.

Металците во вториот дел делуваа како препородени, не гледајки на тоа колку заостануваат, па до крајот на мечот надополнија -15 и победија со резултат (71:70).

Најрасположени вечерва и најзаслужни за пресвртот беа Медфорд, Марко Симоновски и Иванов по 13 поени.

МЗТ Скопје води во серијата со 1-0, а следниот меч се игра во Скопје за 4 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По НБА одисејата – Теодосиќ повторно се враќа во Европа

Тажна вест од ТД Гарден: Замина легендата на „зелените“

(ВИДЕО) Брилијантниот меч на Јокиќ не беше доволен, Нагетси и Спарси ќе играат мајсторка

Штрковите триумфално во Куманово

АБА ја казни Звезда со најголемата казна во историјата на кошарката на овие простори

Хаос за фотелјата во МКФ: Поведена иницијатива за Наумоски да остане претседател

Антиќ заедно со Гечевски ја промовираше програмата за МКФ: Кошарката пак да биде спорт број еден!

МЗТ Скопје испушти златна шанса за враќање во АБА – Задар го врати брејкот

Будуќност буквално уништен: Црвена Звезда ги прегази и ја освои АБА лигата