Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората, синоќа со два гола учествуваше во големата победа против градскиот ривал и неговиот поранешен клуб Реал Мадрид.
Избраниците на Диего Симеоне славеа со 3:1, а Мората беше главен инспиратор на победата и играч на натпреварот.
„Сите имаме иста цел на ум, да ја освоиме лигата и на Атлетико Мадрид да му донесеме ЛШ фудбал. За нас беше крајно важен овој натпревар против Реал. Пред некој ден во Рим бевме брутално беспомошни, а ова беше како добредојдено за нашиот морал и самодоверба за понатаму. Среќни сме и позитивни за остатокот од сезоната“, порача Алваро Мората.
Откако минатите сезони беше неколку пати играч на Реал Мадрид, на крајот се скраси во Атлетико и се чини дека и тој најде своето место под сонцето.