Херојот Марко: Не успеав, но нема предавање, се враќам следната година!

13 годишниот Марко Пејчиновски од Охрид, го изрази своето задоволство од поддршката и коментарите на социјалните мрежи, поради неговото залагање и сепак неостварениот подвиг.

Марко поради болки во ногата, пораше да се откаже по скоро 12 километри испливани од соло маратонот, но вети дека ќе се подготви да го повтори истото следното лето.

Се чувствувам убави, ги видов сите коментари на социјалните мрежи, се радувам на тоа. Поради големи болки, струја и бранови од езерото, морав да се откажам, но не се предавам, следната година повторно ќе се обидам. Најтешко ми беше кога пливав во место, поради болките“, истакна Марко Пејчиновски.

Тој требаше да направи нешто огромно, да преплива 64 километри на релација Охрид – Свети Наум, се до Струга и назад.