Хелмут Марко тврди: Шумахер и Раиконен заедно од 2021!

Еден од водечките луѓе во Ред Бул, специјалниот советник Хелмут Марко, верува дека Алфа Ромео има зацртани планови за следната сезона кога е во прашање возачкиот двоец.

Минатите неколку недели се провлекуваше приказната дека Антонио Џовинаци ќе добие шут карта од Алфа Ромео.

Иако Џовинаци има во моментов бод повеќе од Раиконен во генералниот предок, не делува дека би можел да го задржи своето возачко место во тимот.

Може да видите кои се возачите кои се бараат на пазарот. Знам точно кој кого го бара. Од последните приказни, верувам дека Мик Шумахер следната сезона ќе вози заедно со Кими Раиконен за Алфа Ромео, сигурен сум“, јасно истакна Марко и додаде:

„Мислам дека тоа е совршена комбинација, доколку ги видите јуниорските категории, Мик Шумахер секогаш имал скромен старт, а потоа втората година бил во врвна форма. Може да претпоставите дека и во Ф1 ќе биде така“, истакна Хелмут Марко.