Хелмут Марко е шегаџија од стар ков: Тој (не) посакува Макс да освои титула следната трка

Доминацијата на Макс Верстапен сезонава е потполна, тој е на чекор да ја освои својата трета шампиосна титула во Ф1 и да стане уште потешко име во историјата на овој спорт.

Откако првата ја освои на најдраматичен можен начин, тој ја освои и втората, а сега е на чекор тоа да го направи и по трет пат.

Но специјалниот советник во гаражата на Ред Бул, Хелмут Марко, има причина зошто да навива тоа Макс да не го оствари токму на следната трка во Доха, Катар.

Можно е да победи во Катар, но таа прослава таму ќе биде екстремно скапа по нас, ќе има алкохол во изобилие со неверојатно високи цифри“, се пошегува Хелмут Марко.

Се разбира, сите во гаражата на Ред Бул навиваат тоа да се случи час поскоро, а веќе во Доха за некој ден, Макс Верстапен дури и со 8. позиција на крајот од трката, тој ќе ја обезбеди титулата, бидејки му недостасуваат уште само три поени.