15 години по „Крашгејт“ аферата, повторно се активира скандалот кој се случи во Бразил на патеката Интерлагос, каде во доста турбулентна ситуација, Хамилтон стана прв пат шампион во кариерата.
Сега Фелипе Маса со својот тим адвокати се обидуваат да ја оспорат титулата на Луис Хамилтон со Мекларен, па се надеваат дека таа легално на зелена маса, ќе им припадне ним.
Еден од последните стручнаци кои зборуваа на таа тема, беше еден од водечките луѓе на Ред Бул, Хелмут Марко.
„Ако постојат нови факти, работата може да се отвори, а потоа можеби Маса ќе има шанси, што и не е лошо. Прашање е само каде би сакале да стигнеме и каде би стигнале доколку мора да преиспитуваме многу спорни одлуки“.
„Во тоа време беше ужасно да се види Фелипе Маса како слави освојување титула на 20 секунди во Бразил пред својата публика, а потоа се наеднаш да исчезне. Беше сурово за него. Би сакал да му се додели таа титула, а што се однесува до Хамилтон, таа титула нему и нема да му смени многу работи, би имал една повеќе“, порача Марко.