Хелмут Марко бара суспензија за Хамилтон по секоја цена

Излетувањето на Верстапен во Силверстоун предизвика лавира реакции и контра реакции, инцидент за кој ќе се раскажува долго сезонава.

Сега еден од првите луѓе на Ред Бул, Хелмут Марко, бара од ФИА да реагира со пожестока казна до Хамилтон и да го суспендира бидејки потегот бил преопасен во еден од најбрзите свиоци на патеката.

Ова е максимално неодговорно однесување од Луис Хамитлон, тоа беше преопасен потег, треба да биде казнето со суспензија. Тоа беше инцидент на неговиот преден пневматик со нашиот заден и тоа не треба да биде карактеризиран како тркачки инцидент туку како доста опасен инцидент. Потегот беше нималку спортски“, нагласи Хелмут Марко.

Хамилтон успеа да победи во Силверстоун и максимално да ја намали разликата во однос на Верстапен.