Харт е слободен агент од денеска – но според изјавата, како да сака во Реал Мадрид

Поранешниот голман на Манчестер Сити, Џон Харт, веројатно се обиде да биде духовит, со тоа што се обиде да го вмеша и Реал Мадрид со неговата ситуација во моментов, кога е слободен агент на пазарот.

По 17 години, Џо Харт е прв пат слободен агент и размислува за нова преселба, откако му заврши договорот со Барнли денеска (30 јуни).

„Тоа што морав да седам на клупа 18 месеци во Премиер лигата, нема да ме сруши или назади. Се сеќавам дека настапував за мојот локален тим во аматерска лига и се обидував да дојдам до првата позиција во Шрусбери Таун. Научив многу работи низ кариерата“.

„Во фудбалот секогаш мора да бидеме самокритични кон себе, да анализирате она ш то го работите и да останете цврсто на земја. Мора да гледате напред и да ги процените своите можности. Немам илузија дека Реал Мадрид ќе го исфрли Куртоа и ќе ме стави мене да бранам како прв голман, но потребен ми е некој силен тим кој ќе верува во мене а јас ќе им вратам на довербата“, рече 33 годишниот Џо Харт.