Хаос во Виљареал: Домаќините го нападнаа Чави

Секогаш кога Барселона ќе победи, противникот обвинува дека триумфот не е заслужен и е остварен со помош на судиите.

Така беше и вчера, по дуелот со Виљареал кога не дојде до поздрав межу тренерите Чави Ернандес и Унаи Емери. Шефот на стрчниот штаб на домашниот тим одби да се поздрави со својот колега со образложение дека Чави влијаел на судиските одлуки, поради што не бил досуден чист пенал во корист на Виљареал кога Пике играше со рака во својот шеснаесетник во првото полувреме. Нејасно е само како може Чави да влијае на арбитрите и како е тој виновен ако овие го слушаат него.

„Го гледав мечот меѓу Барселона и Еспањол минатата недела и помислив дека пеналот што го добија не е пенал, но судијата го свирна. Сега нам не ни досудија чист удар од 11 метри. Мислам дека ни во Барселона не се задоволни од тоа што судиите очигледно ги туркаат“, изјави Емери по мечот.

Ваквото мислење беше причината што и неговиот помошник по мечот му дофрли нешто на Чави поради што овој збесна.