Хаос во Србија: И НБА ѕвездата Никола Јокиќ заразен со коронавирус

Прво Новак Ѓоковиќ, а сега и Никола Јокиќ. Двајцата најпознати спортисти во Србија се позитивно тестирани на коронавирус. Ѕвездата на Денвер и НБА нема никакви симптоми, добро се чувствува, но ќе мора најмалку ушт еедна недела да мине во самоизолација, со оглед на тоа дека тестот е направен минатата недела.

Оваа вест ја објави познатиот кошаркарски новинар од „ЕСПН“ Адријан Војнаровски, за потоа да ја пренесат речиси сите релевантни медиуми во Србија и светот.

Јокиќ поради сето ова мораше да го одложи враќањето во САД, меѓутоа се очекува веќе следната недела да добие дозвола за заминување, односно за влез во САД.

Како што е познато, Јокиќ беше во исто време и на исто место со Новак Ѓоковиќ. Станува збор за прошталниот меч на Дејан Милојевиќ во Мега. Претпоставка е дека на истото место е заразен и кошаркарот на Партизан Никола Јанковиќ. На тој настан Новак цело време беше во комуникација со Јокиќ, дури беа и во мошне близок физички контакт при поздравувањето.

Сезоната во НБА лигата би требало да биде продолжена кон крајот на идниот месец.