Хаос во Рим – прободени четворица навивачи на Севиља

Ултраси на Лацио предизвикаа нов скандал во пресрет на 1/16-финалето од Лигата Европа меѓу нивниот тим и Севиља.

Фотографии и снимки на Твитер покажуваат дека најмалку четворица се ранети со убоди од нож од кои еден е в болница во тешка состојба. Меѓу ранетите има двајца Шпанци и по еден Англичанец и Американец.

„Десетина маскирани млади луѓе, облечени во црно со ножеви бркаа некого кој влезе да се скрие во ресторан. По доаѓањето на полицијата тие се разбегаа“, пишува весникот Ил Месаџеро.

Последната деценија навивачите на Лацио беа протагонисти во серија фашистички и расистички акции на и надвор од стадионот на кој игра римскиот клуб. Нивната идеологија, тотално спротивна од онаа на навивачите на Севиља, Бирис Норте, се претпоставува дека е главна причина за синоќешниот инцидент во Рим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Навивачите на Ливерпул се фанови по порачка – по Јунајтед сега навиваат за друг

Нова жртва и трагедија во семејството Сала: Ништо не е веќе исто за нив овие неколку месеци

Адебајор раскажа анегдота: Како Мурињо беснееше во соблекувални поради Роналдо

Силна најава на Скај Спорт: Азар и Погба во пакет кај Зидан

Вирусот повторно актуелен – Рој Кин анализира што ќе му направат на Оле Солскјер

Јанев до пред неколку месеци беше незаменлив во Беласица, а пред него сега е најважната животна битка

Тито Виланова на шест дена пред смртта го повикал Меси и со својот потег ја спасил Барселона

Првиот фудбалер кој летово ќе го напушти Јунајтед, ќе се пресели во Арсенал?!

Докторот му најавил дека ќе умре, а тој почина следниот ден за време на натпревар