Хаос во Истанбул: Дебакл на Мерцедес, сензационална победа на Строл

Возачот на Рејсинг Поинт, Ленс Строл стигна до првата пол-позиција во кариерата откако триумфираше во квалификациите пред трката за Големата награда на Турција во Истанбул.

Канадскиот автомобилист до својот најдобар резултат дојде со време од 1:47,765 минута откако претходно дождот тотално ги уништи квалификациите кои траеја речиси два часа. Со тоа Строл ја прекина доминацијата на Мерцедес во овие квалификациите бидејќи Луис Хамилтон и Валтери Ботас стартуваа од пол-позицијата на сите досегашни 13 трки.

Денеска Мерцедес доживеа тежок дебакл. Хамилтон го освои шестото, а Ботас деветтото место иако е можно Британецот утре да биде промовиран во нов шампион. До Строл ќе стартува Макс Ферстапен од Ред Бул, а третото место го освои вториот возач на Рејсинг Поинт, Серхио Перес.