Хаос во Формула 1: Уште една трка ќе биде откажана поради Коронавирусот

Тешкиот облик на грип кој ја тресе Азија последните недели полека почнува да се одразува и на спортот.

Во Кина беше откажан квалификацискиот кошаркарски турнир за Олимписките игри во женска конкуренција и тој се одржа во Белград. Потоа Формула 1 ја одложи трката планирана за Кина на неодредено време и сега се подготвува истото да го направи со уште една.

Станува збор за планираната трка во Виетнам која оваа сезона треба да се одржи првпат во историјата. По примерот на Монте Карло, Сингапур и Баку, и оваа трка се вози низ улиците на град, во конкретниот случај престолнината Ханој кој е оддалечен околу 160 километри од границата со Кина.

Трката во Виетнам беше планирана како трета во распоредот и е закажана за 5 април.