Хандановиќ тврди: Заслужуваме повеќе од ова вечерва

Голманот на Интер, Самир Ханданович, по поразот од Барселона во Милано вечерва, истакна дека тие заслужувале да се пласираат понатаму, но дека имале успони и падови во играта.

Нераѕурите со поразот не успејаа да се пласираат во нокаут фазата, а со победата на Дортмунд вечерва над Славија Прага, „милионерите“ патуваат понатаму.

Не успеавме да постигнеме гол во вториот дел, иако имавме многу шанси. Знаевме дека Барселона е опасна на контранапади, и тоа се потв рди. Дадовме се од себе, но сега мора да гледаме напред. Ова е пораз кој боли, но не завршува нашата сезона овде. Имаме натпревари во Серија А пред божикните празници, таму ќе ги полниме батериите“.

„Нашите перформанси во групата покажуваат дека ние заслужуваме да сме пласирани понатаму, но за жал имавме успони и падови на сите натпревари и резултатите се вакви какви што се“, истакна Хандановиќ.