Хандановиќ на посебен начин испрати честитка до Милан

Голманот и капитен на Интер, Самир Хандановиќ, со една интересна изјава, им ја честита титулата на „росонерите“.

Милан со победата на гостувањето кај Сасуоло 0:3, ги обезбеди потребните бодови и дојде до првата титула по цели 11 години во Серија А.

Иако и Интер оствари победа последното коло, сепак тоа не беше доволно за да ја загрозат позицијата на Милан последното коло.

Освоивме два трофеи оваа сезона, така да остваривме нешто позитивно. Имавме напредок сезонава и во ЛШ, но за жал загубивме на крајот за Скудето, што беше наша главна цел“.

„Табелата не лаже, Милан беше подобар за два бода од нас, честитки до нив за освоената титула. Испуштивме доста бодови претходните месеци, но нормално е тоа, им се случува на сите. Но добро е тоа што како тим сега сме уште позрели за идни предизвици“, порача Хандановиќ.