Хамилтон: Знам дека сите сакаат да го стигнам Михаел Шумахер

Возачот на Мерцедес во Ф1, Луис Хамилтон, сезонава ќе ја почне со шест шампионски титули зад своето име, на само една од големото постигнување на легендарниот Михаел Шумахер.

Мерцедес и во новата сезона ќе биде сигурно фаворит број 1, така да целта на Хамилтон е јасна, нова титула со која ќе се изедначи на вечната листа со Шумахер.

Знам дека сите навивачи посакуваат да освојам нова, седма титула, но одиме чекор по чекор. Не знаеме како ќе стоиме во споредба со останатите екипи, мора да се обидеме да бидеме ефикасни на тестирањата, бидејки имаме доста време, а не чека напорна работа“, истакна Луис Хамилтон.

Ако продолжи со просекот од 10 победи по сезона, од 2014 година наваму, Хамилтон ќе го собори рекордот на Шумахер од 91 победа. Хамилтон има 84 победи и во новата сезона е неговата шанса да го стори тоа.

Сезоната стартува на 15 март во Австралија, Мелбурн Парк.