Хамилтон во проблеми поради новото правило, му се заканува забрана за настап

Британскиот Формула 1 возач Луис Хамилтон се пожали на прес-конференцијата за новото правило на организацијата. Имено, на возачите повеќе не им е дозволено да носат накит во болидот, а на Хамилтон тоа не му се допаѓа.

На прес-конференцијата пристигна носејќи три рачни часовници, осум прстени, неколку нараквици и ланчиња. Хамилтон се пожали дека ваквата одредба на ФИА е апсолутно непотребна и „чекор наназад за спортот“.

Хамилтон објасни дека носи два пирсинзи кои не можат да се отстранат. Еден од нив е пирсинг на носот, а поради него никогаш немал проблеми. Исто така, одговори на прашањето дали ќе се повлече од трките ако му забранат настап поради накитот.

„Ако ми го забранат настапот поради тоа, ако. Имаме заменски возачи“.

Хамилтон прифати да ги отстрани пирсинзите кои можат лесно да се отстранат за трката во Мајами, но на трката во Монте Карло нема да смее да има ниту еден. Одредбата за забрана на носење на накит ја донесе ФИА од безбедносни причини.