Хамилтон уште еднаш покажа одлика на голем шампион

Луис Хамилтон од денеска е во изолација, тоа го потврди и неговиот клуб Мерцедес.

Хамилтон за трката во Шакир нема да биде на располагање, а германската екипа ќе избере друга опција за оваа трка.

Хамилтон порача дека е разочаран што нема да настапи на следната трка:

Разочаран сум што нема да се натпреварувам овој викенд. Од почеток на сезоната и тоа како пазевме на сите протоколи. Но вчера имав тест и тестот покажа дека сум позитивен. Јас сум веќе во изолација, а им советувам на сите да ги следат протоколите. Се чувствувам добро и ќе дадам се од себе да останам во што подобра форма. Ви благодарам на сите за грижата и пораките“, порача Луис Хамилтон.

Ова секако нема да ја разниша неговата сезона бидејки тој веќе ја обезбеди седмата титула.