Хамилтон удри по необразованиот Берни Еклстоун

Шесткратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон, истакна дека некогашниот челник на Формула 1, Берни Еклстоун, е апсолутна „незналица“, односно необразован човек.

Ваквата изјава на Хамилтон доаѓа по интервјуто на Берни за СиЕнЕн, во кое порача дека во многу случаи, црните луѓе се поголеми расисти кон белите, отколку обратно како што се тврди деновиве.

Таа изјава предизвика сериозни реакции и од актуелното раководство на Ф1, а свој суд и коментар даде и Луис Хамилтон.

Берни е надвор од спортот и е друга генерација, но токму тоа што го рече е погрешно. Сега е време за коренити промени, нема да престанам да се залагам за инклузивност во иднина за нашиот спорт, да има подеднакви шанси за сите. Да створиме свет кој пружи еднакви шанси и на помалите заедници и групи, а ова што го рече Берни е незнаење“, порача Хамилтон.