Хамилтон со триумф во Унгарија – Мерцедес се мајстори на својот занает пред Ред Бул

Луис Хамилтон и Мерцедес изработија уште една одлична трка со одлична стратегија за нови 25 бодови.

Иако Хамилтон не тргна од првиот ред на денешната трка, сепак со едно мошне истрајно, но пред се мудро возење, на крајот Британецот се радува на нова победа.

Клуч на победата беше веројатно чувството за реакција во боксот на Мерцедес на 21 круг пред крајот, кога му ставија жолти пневматици, па Хамилтон во 20 круга, почна да топи немилосрдно од разликата која во тој момент изнесуваше 21 секунда.

На крајот пневматиците на болидот на Верстапен почнаа да се распаѓаат, Хамилтон почна да вози и по 2.5 секунди побрзо од круг во круг, па на 4 круга пред крајот, со маневар на стартноцелната рамнина си ја обезбеди првата позиција.

Верстапен се обиде да компензира нешто на крајот, односно да влезе во бокс и да добие нови гуми, со цел да не го загуби и второто место. Третопласиран заврши Фетел, додека на 4. позиција заврши Шарл Леклер.

Во топ10 или зона на бодови влегоа уште и Саинц, Гасли, Раиконен, Ботас, Норис и Албон.