Хамилтон со прст кон Ферари за „намерен потег“ пред последниот летечки круг

Возачот на Мерцедес и актуелен шампион, Луис Хамилтон, го обвини Ферари меѓу редови за хаотичниот крај на квалификациите во Монца ова попладне.

Познато е како завршија квалификациите, кога ниту еден возач не успеа да влезе во последен летечки круг, пред се поради доцното излегување на патеката при загревачки круг, но според Хамилтон и поради бавното движење на болидите на Ферари при загревачкиот круг.

Тие (Ферари) буквално ни го потрошија времето за последниот круг. Во кругот кој сите излегуваме на патеката, секогаш е опасно, сите забавуваат, па и не знаете кој се е пред вас или зад вас. Тоа дефинитивно беше ризичен бизнис или работа. Утре ќе се бориме со болидите на Ферари, што ќе биде сигурно добро и интересно“, рече Хамилтон.

Вакви квалификации се вистинска реткост и прашање е дали досега во историјата на овој авто-мото спорт имало таква бизарна ситуација и финиш на квалификациите.