Хамилтон со пофалби за „железната дама“ на која и должи многу од сите овие успеси

Шесткратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон во последното интервју зборуваше за својот физиотерапевт, железната дама на која и должи многу во кариерата – Анџела Кулен.

Британецот соработува со Кулен која е со потекло од Нов Зеланд уште од 2016 година, токму во периодот кога тој беспрекорно и со голема доминација ги освојуваше титулите во Ф1.

Луѓето не го разбираат тоа, бидејки на работите гледаат од дистанца, но една од најдобрите работи кои ми се случиле во животот е токму Анџела. Среќен сум што соработува со луѓе како неа, таа е највредната жена во моето опкружување и многу и должам“.

„Секогаш е фокусирана и позитивна со мене, никогаш нема негативност кај неа и тоа е важно. Секако е важно да бидете опкружени со луѓето кои влијаат позитивно на вас, не смеете да сте со негативци. Многу од физиотерапевтите се како еден вид на тренери. Секогаш сум имал мажи за тренери и никој од нив ми нема помогнато. Сфатив дека тоа нема смисла повеќе и дека ми е потребен терапевт кога имам повреди. Со Ангела работев кратко, пред да ја прашам дали сакам да се придружи во мојата екипа. Знаев дека ќе имам можност да соработувам со неа, таа со задоволство прифати и приказната е успешна“, истакна Хамилтон.

Возачот од Британија е на чекор од освојувањето на седмата титула во Ф1 шампионатот, со која ќе се изедначи со легендарниот Михаел Шумахер.