Хамилтон проговори за Ферари и стави крај на шпекулациите

Британецот Луис Хамилтон е блиску до потпишување на нов договор со Мерцедес и покрај шпекулациите дека кариерата би можел да ја продолжи во Ферари.

Седумкратниот светски шампион истакна дека не разговарал со италијанскиот тим и дека тој и Мерцедес се на добар пат да ја продолжат соработката. Договорот на Хамилтон истекува на крајот од сезоната.

38-годишниот возач потврди дека неговиот тим работи со шефот на Мерцедес, Тот Волф, на нов договор.

Хамилтон истакна дека фактот што Мерцедес моментално не е конкурентен во трката за титулата нема никакво влијание врз неговата желба да остане.

„Ова е прв пат да не преговарам сам и зад мене имам одличен тим кој врши комплетна работа и можам да се фокусирам на мојата работа. Го кажувам тоа што сакам и на тоа работиме“, рече Хамилтон и продолжи:

„Се разбира, кога вашиот договор истекува, секогаш ќе има шпекулации и ако не го слушнете од мене, тоа е тоа. Можеби поради откажувањето на трката во Имола минатиот викенд само им беше досадно. Мојот тим тесно соработува со Тото и речиси сме на точка да имаме подготвен договор. Сега е многу порелаксирано бидејќи порано тоа го правев сам“.

Запрашан директно дали имало контакт со Ферари, Хамилтон одговори: „Не“.