Хамилтон повторно со „дворски игри“ – Ферари е моќен!

На почеток од тест периодот за болидите во Формула 1, пред почетокот на новата сезона, Ферари наводно изгледа гламурозно и фантастично со резултатите.

Но такви беа прогнозите и минатата сезона, кога црвените од Маранело имаа добар старт, но кошмарен завршеток на сезоната.

Луис Хамилтон сега смета дека Ферари навистина изгледа импресивно и дека ќе биде интересно на патеката оваа сезона.

Ферари во моментов изгледа навистина силно, мислам дека имаат подобар пакет од минатата сезона. Сигурно дека на патеката ќе не очекува поголем притисок и предизвик. Што се однесува до Мерцедес, ние длабоко гледаме на работите и се натпреваруваме сами против себе, да се надминеме себеси во перформансите, а што се однесува до новиот двоец во Ферари, Фетел – Леклер, мислам дека е далеку од тоа да се очекува дека Леклер веднаш ќе го победува Себастијан на патеката“, истакна Хамилтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакинен ја посочи најголемата грижа на Фетел – таа доаѓа од неговиот табор

ВИДЕО: Ферари уште на почетокот ја оплеска – уште на првата трка го избришаа подот со Леклер

Ботас побрз од Хамилтон во Мелбурн, Ферари под очекувањата на ГН за Австралија

Нова сезона, стари навики: Хамилтон на пол-позицијата во Австралија

Фетел повторно ги обвини во Мерцедес за „игра на умови“

Тажни вести од Ф1 утрово – почина човекот кој одбележа цела една ера во овој спорт

Tрадицијата продолжува – Фетел повторно со женско име го крсти својот болид

Предлог во Ф1: ФИА разгледува ново интересно правило за „бод повеќе“ на трките, но не за победникот

Топ вест за фановите на Шуми – се подобар е и се наоѓа во Мајорка!