Хамилтон посилен од правилата – сепак ќе вози во Монако

ФИА сепак му дозволи на Луис Хамилтон да вози за ГН на Монако овој викенд.

Оваа институција го продолжува исклучокот за забрана на носење накит за време на трките во Ф1, пренесува Скај Спорт.

Раководството на Ф1 на почеток од сезоната одлучи да им забрани на возачите да носат накит за време на трките. ФИА неколкупати го предупредуваше Хамилтон за тој прекршок но тој не ги есапеше, па имаше закана дека Британецот нема да може да вози во кралството Монако, што на крајот сепак попуштија и му дозволија.

Мислам дека на оваа тема е посветено премногу време иен ергија. На тоа не бев концентриран овој викенд. Го симнувам накитот секогаш кога сум во болидот и тоа ќе продолжам да го правам“, истакна Хамилтон.

Поедини возачи се побунија за таквата одлука на ФИА, па конечна разрешница околу ова прашање ќе има во јуни кога конечно ќе седнат на маса возачите и ФИА и ќе договорат нов правилник.