Хамилтон порача дека нема коронавирус и направи потег со кој ги воодушеви сите

Новата сезона во Формула 1 требаше да започне минатата недела со трката за Големата награда на Австралија.

Меѓутоа, неколку дена пред почетокот на сезоната ФИА одлучи да го одложи почетокот откако еден од членовите на Мекларен бил позитивен на коронавирус.

Новата сезона е одложена на неодредено време и не е познато кога ќе почне. Возачите се вратија во своите домови каде се наоѓаат во изолација и ги почитуваат правилата кои се одредени.

На Инстаграм синоќа повторно се огласи Луис Хамилтон за кого се говореше дека можеби е заразен бидејќи бил во контакт со луѓе за кои се испостави дека имаат коронавирус.

Меѓутоа, Хамилтон порача дека веќе некое време е во карантин и дека нема никакви симптоми. Поради тоа одлучил своите тестови да ги подари на некого на кого тоа му е потребно.

„Имаше доста шпекулации за моето здравје откако бев на настан каде имаше заразени со коронавирус. Во изолација сум и немам никакви симптоми. Добро се чувствувам и тренирам два пати дневно. Разговарав со докторот и го прашав дали треба да се тестирам и тој рече дека нема потреба. Тестовите кои ги имам ги подарувам на оние на кои навистина им требаат бидејќи знам дека е ограничен бројот на тестови во Велика Британија. Се надевам дека со тоа ќе му помогнам на некого“, порача Хамилтон.