Хамилтон под истрага по најтешкиот викенд во кариерата

Луис Хамилтон беше во својот свет на патеката Интерлагос каде сосема заслужено стигна до својата 101. победа во кариерата.

Хамилтон стартуваше од десеттата позиција, но на крајот успеа да триумфира благодарение на феноменално подготвениот болид на Мерцедес.

Британецот зад себе го имаше најтешкиот викенд во кариерата, што го призна и по трката бидејќи претходно беше дисквалификуван од квалификациите, а беше казнет со пет места наназад поради промена на делови од моторот.

„Во пресрет на овој викенд не верував дека ќе го намалиме заостатокот толку многу како денес. Работите тргнаа против нас. Но, мислам дека ова покажува дека никогаш не треба да се откажуваш, без разлика со што се соочуваш мора да продолжиш да се бориш, никогаш не смееш да се откажеш. Така пристапив викендов и од тоа црпев инспирација. Но, оваа победа е моја прва бидејќи одамна немам победено”, изјави светскиот шампион и продолжи:

“Притиснав колку што можев. Почнав последен во спринтерската трка, а имав и 5 места казна. Мислам дека ова беше најтешкиот викенд во мојата кариера. Но татко ми ме потсети на 2004 година кога возев Формула 3 во Бахреин. Почнав. Бев последен и завршив на 10. а потоа завршив 1. Оваа победа е за мојот татко“, изјави Британецот.

По трката, возачот на Мерцедес беше под истрага бидејќи ги откопча појасите во последниот круг и очигледно ќе биде казнет.

Хамилтон со победата во Бразил ја намали разликата зад Верстапен на 14 поени, а до крајот на оваа крајно возбудлива и неизвесна сезона остануваат уште три трки.