Хамилтон победник во бурното ГП на Силверстоун

По неверојатен расплет на трката за ГН на Британија, Луис Хамилтон во целиот хаос кој го предизвикаа тој и Макс Верстапен уште во првиот круг, на крајот сепак успеа да забележа победа и да прокнижи нови 27 бодови, севкупно од овој викенд.

Поради инцидентот од самиот старт, Верстапен веднаш беше елиминиран од трката, па токму тука Хамилтон ја виде својата шанса да ги надополни бодовите со кои Холанѓанецот води во генералниот поредок.

Во самиот финиш Хамилтон успеа во директна битка за победата да го победи Моначанецот Шарл Леклер од Ферари и во последните два круга да го остави зад себе скоро 5 секунди.

Секако победа си е победа, но ваква победа долго ќе биде дискутирана од неутралните фанови, дали беше извојувана на легален начин од страна на седумкратниот Ф1 шампион.

На подиумот се искаќи уште и Ботас, а во топ10 завршија Норис, Рикиардо, Саинц, Алонсо, Строл, Окон и Цунода.