Хамилтон победнички во Мексико – но титулата се уште „виси“

Победник на трката возена за Големата награда на Мексико е актуелниот лидер во генералниот пласман, Луис Хамилтон.

Британецот со ова стигна до 10-та сезонка победа, но за нова титула ќе почека барем до следната трка која се вози во САД.

Актуелниот првак во средината на трката го презема првото место и рутински ја одвозе трката за да ја мине целта како првопласиран.

Втор зад него мина Себастија Фетел, додека пиедесталот го комплетираше клупскиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас.

На четвртото место заврши Чарлс Леклерк, потоа следеше Александре Албон од Ред Бул, пред клупскиот колега Макс Вертсапен. Најдобрите десет ги комплетираа Себастијан Перез, Даниел Рикардо, Даниел Квјат и Пјер Гасли.

За нова титула, на Хамилтон ќе му треба да освои четири поени повеќе од Валтери Ботас.