Хамилтон победи во Силверстоун, Леклер беше возач на денот, но титула да му се даде на Фетел!

По трката во Британија, имаше повеќе различни импресии, дел од фановите критикуваа, дел ја одбранија одлуката на Хамилтон така да пристапи во дуелот против Верстапен.

Иако најинтересни беа импресиите и реакции по трката од двете страни (Ред Бул и Мерцедес), исто така и од фановите, но сепак, далеку од подиумот, има една ситуација за голема пофалба.

Имено, Себастијан Фетел, со група на фанови по трката остана околу патеката, каде го чистеа ѓубрето и испратија силна порака за уште почиста средина.

Многумина во коментари на видеото напишаа дека вистински победник на Силверстоун и Себастијан Фетел.