Хамилтон по трката: Некој се обидува да ме запре!

Луис Хамилтон кој по добиената казна (10 секунди) на трката во Сочи денеска, се сомнева дека против него постои валкана игра од страна на стјуардите, кои сакаат да го срушат.

На патот кон гридот, Хамилтон два пати вежбаше старт надвор од означеното подрачје, а тоа е строго забрането како престап, и токму поради тоа беше казнет.

Поради тој престап Хамилтон доби (2 по 5 секунди казна), по што ги одработи во боксот, и загуби многу, но на крајот сепак успеа да дојде до 3. место на подиумот и нови 15 бодови.

Мора да видам какви се правилата и каде направив грешка. Сигурен сум дека никој пред мене нема одработено таква казна, ова е смешно. Никого не загрозив, не заслужив такво нешто. Милион пати ова го имам направено низ годините и никогаш ме непаат прашано за тоа. Но што е тука е“.

„Некој се обидува да ме запре на патеката, но и тоа е ок. Ќе останам фокусиран и ќе видам што ќе се случува во иднина“, рече Хамилтон.

Со победата на Ботас, предноста на Хамилтон пред тимскиот колега од 55, падна на 44 бодови, со тоа што Финецот освои и дополнителен бод за најбрз круг во трка.