Хамилтон останува оптимист: Нема да не запрат неколку лоши трки

Возачот од Мерцедес, Луис Хамилтон, смета дека неколку лоши трки сезонава нема да ги запрат во развојот на болидот и со цел да ја подигнат формата како и останатите Ф1 тимови/

Борбата на „сребрените стрели“ сезонава ќе биде да ја подобрат брзината на правците, каде и губат најмногу во првиот дел од сезоната, а имаат и најлоши резултати на почеток од една сезона последните 7-8 години.

Гледам секаде околу нас и се обидувам да ги оттргнам негативностите кои ги гледам постојано. Избегнувам да гледам вести, затоа што има толку луѓе кои се инпсиративни и непрестано докажуваат дека никогаш не треба да се откажете, туку да притискате до крај“.

„Сакам да работам со оваа екипа, работиме напорно да ги средиме работите. Имаме една заедничка цел во која сите меѓусебно се поддржуваме. Неколкуте лоши трки нема да не запрат да се обединиме. Сигурен сум дека на крајот ќе имаме сите заеднички успех“, порача Хамилтон.