Хамилтон објаснува: Зошто Фетел не е во право што е лут на одземената победа

Себастијан Фетел ја загуби победата на зелена маса вчера во Канада и беше прилично лут на тоа поради одлуката на стјуардите.

Сега официјално победник во Монтреал е Луис Хамилтон, кој по трката, иако го разбира бесот на Фетел, сепак образложи зошто тој не е во право.

Фетел рече дека неправедно загубил? Тоа е негово мислењ е, јас возев како и обично, а кога се враќате на трасата, немора веднаш да излезете на правецот на движење кај другите возачи, мислам дека резултатот е реален, иако јас не сакав да победам на ваков начин“, порача Луис Хамилтон.

Ферари најави дека ќе ја обжали оваа одлука на стјуардите од ФИА и можни се нови промени за пласманот на трката во Канада уште во текот на овој ден.