Хамилтон не му се јавува ниту на првиот човек на Формула 1

Тежок удар доживеа Луис Хамилтон во последниот круг од сезоната во Формула 1. Макс Фефрстапен „пред нос“ му ја украде „веќе освоената“ титула.

Од тој ден Британецот речиси исчезна од јавноста. А, низ кулоарите кружи приказна дека нема да се враќа на патеките на најбрзиот циркус на планетата, бидејќи решил да се повлече.

Дали е тоа тачно го интересира и Мохамед Бен Сулајем, претседателот на Формула 1, кој откри дека Британецот не му се јавува на телефон.

„Му испратив неколку пораки, но мислам дека Луис не е 100 проценти подготвен да одговори на нив. Не го обвинуваме. Ја разбираме неговата позиција како возач, тој е на посебно ниво. Но, постојат правила кои сите мораме да ги почитуваме, возачите, тимовите, претседателот. Тоа се правила кои го чуваат интегритетот на натпреварувањето“, изјави Бен Сулајем.

Тој верува дека Хамилтон ќе биде на патеката кога ќе започне новиот шампионат.

„Сметам дека на крајот се ќе се среди. Не можеме постојано да мислиме на минатото. Сите ние сме човечки суштества, кои чувствуваат стрес и притисок“, додаде Бен Сулајем.

Хамилтон има договор со Мерцедес на уште две години.