Хамилтон не може да се помири: Уште на стартот кога видов што ми даваат да возам..

Трофејниот возач Луис Хамилтон уште не може да се помири со тоа каков болид има на располагање оваа сезона.

Уште на стартот на подготовките пред почеток на сезоната, беше јасно дека Хамилтон нема да биде задоволен од болидот на Мерцедес, па неколкупати ги критикуваше своите колеги во гаражата дека не го послушале со советите околу тоа во кој правец треба да оди аеродинамиката.

Знаев дека болидот не е најконкурентен уште кога го видов прв пат, изгледаше поразличен од тоа какви болиди има нашата конкуренција. Боите на болидот се добри, но тоа не е важно, најважно е болидот да има перформанси“.

Тој во едно од последните интервјуа нагласи дека Волф и компанија не го послушале и дека на тоа им е лут, но сега тврди дека има доверба во нив за остатокот од сезоната.

Стојам 100% зад моите колеги во тимот, бидејки не планирам да одам никаде на друго место“, истакна Луис Хамилтон.