Хамилтон на пол во Силверстоун – зад него Ботас, Верстапен, Леклер

Двоецот од Мерцедес ќе стартува од првиот ред на утрешната ГП трка во Британија на патеката Силверстоун.

Луис Хамилтон очекувано на домашен терен извојува уште една пол-позиција (1 24 303), додека зад него за само 0.300 е Валтери Ботас.

Од вториот ред во Силверстоун ќе стартуваат Макс Верстапен и Шарл Леклер, кои доцнеа цела една секунда зад Хамилтон и Ботас.

Во топ10 се пласираа уште Ландо Норис, Ленс Стро, Карлос Саинц, Даниел Рикиардо, Фетел и Окон.

На овие квалификации разочарување имаше за Алекс Албон и Нико Хулкенберг, кои ги завземаат 12-та односно 13-та позиција за утрешната трка, инаку Хулкенберг го менува Серхио Перез во болидот на Рејсинг Поинт, кој што има Ковид19.