Хамилтон лут на луѓето од гаражата, но Пирели го демантира: Луис не е во право!

Главна приказна по ГН на Турција се гумите на Луис Хамилтон, дали ќе издржеа до самиот крај, ако тој не влезеше на десетина кругови пред трката да заврши.

Мерцедес го планираше својот пит-стоп кон 42 круг од вкупно 58, но Хамилтон одби да ги заменат пневматиците, сметајки дека се се уште добри.

Седумкратниот Ф1 шампион беше лут на своите по трката, откако му рекоа дека Окон извоза цела трка со едни пневматици, а на тоа Хамилтон во својата гаража им порача:

Навистина го оствари тоа? Не знам што да кажам, ако тој можеше, можев и јас. Требаше да ме остават на патеката“, смета Хамилтон.

На тоа со реакција по трката излезе и самиот Пирели, со свој суд за ситуацијата.

„Ги прегледавме гумите на Хамилтон по трката, сигурно немаше да издржат до крајот. Биле на самиот лимит, потрошени целосно, практично возел на конструкцијата на бандажите“, тврдат од Пирели.