Хамилтон „куртули“, ФИА му прогледа низ прсти

Меѓународната автомобилистичка федерација нема да спроведе истрага по повод политичката порака која беше испишана во неделата на маицата на Луис Хамилтон за време на церемонијата од доделувањето на трофејот на Големата награда на Тоскана.

„Фала на сите за поддршката. Сакам да се знае дека сигурно нема да престанам со ова што го правам, бидејќи ова не е борба само за расна, туку за правдата воопшто“, објави Британецот по сознанијата дека нема да биде казнет.

Актуелниот шампион во Формула 1 е социјално активен и ја користи својата позиција на спортска мегаѕвезда за да ги истакне своите убедувања. Во претходните сезони тоа беа еколошките теми и веганството, а оваа Black Lives Matter, односно борбата против расизмот. Но, во неделата наместо вообичаените, „општи“ пораки на неговата маица пишуваше „Arrest the cops who killed Breona Taylor“ (Уапсете ги полицајците кои ја убија Бриона Тејлор). Станува збор за една трагедија од март која покрена вистинска револуција во САД. Тогаш наведената жена беше смртно погодена осум пати при пресметката на полицијата со нејзиниот цимер. Истрагата и понатаму трае, а активистите, вклучително и Хамилтон стануваат нетрпеливи да се дојде до правично решение. Проблемот е во тоа што со оваа порака тој однапред имплицираше без официјален став на судот, дека полицајците се убијци, односно дека користеле претерана и непотребна сила при интервенцијата.

ФИА и по своите правила, но и како потписничка на Олимписките повелби, која „забранува секака манифестација на политичка, религиозна или расна пропаганда“, имаше шанса да го казни шесткратниот шампион, но не сметаше дека тоа е потребно. Пред се и самата Формула 1 се вклучи од почетокот на оваа одложена агента во расната агенда, а особено тимот на Мерцедес за кој настапува Хамилтон, кој дури ги офарба и болидите во црно во вид на поддршка на напорите на својот ас.

По девет извозени трки водечката позиција очекувано ја држи Луис Хамилтон. Следната трка во календарот од Формула 1 е Големата награда на Русија на 27 септември во Сочи.