Хамилтон ќе добие забрана за настап на ГН во Монако?

Британецот Луис Хамилтон би можел да добие забрана за настап на трката во Монако сезонава, доколку не постапи според правилникот.

Хамилтон напиша молба до организаторите да им ги олеснат правилата за накитот, посебно со оној кој редовно го носи, но како стојат работите, тој ќе мора да попушти до крајот на месецот за да може да вози во кралството на Монако.

Мислам дека е непотребно воопшто да се занимаваат со тоа. Јас сум овде со цел да бидам сојузник на спортот. Имаме веќе проблеми со кои мора да се бориме“, изјави неодамна Хамилтон.

Возачот на Мерцедес истакна дека не може да ги отстрани неговите обетки и прстенот во носот, кои ги носи и додека се наоѓа во болидот за време на трките.

Информацијата околу потенцијална забрана за настап на Хамилтон, ја даде новинарот на Скај, Тед Кравиц.

Ги симна обетните, но не може да го извади пирсингот од носот и мислеше дека ќе помине низ некоја помала медицинска процедура. Меѓутоа, сега откако доби две трки како ултиматум (Мајами и Барселона), тој веројатно нема да го направи тоа“.

„Така да изгледа дека војната помеѓу Хамилтон и ФИА продолжува и чекаме да видиме какви ќе бидат последиците“, истакна Кравиц.