Хамилтон казнет со десет места пред ГН на Турција

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, казнет е со десет места назадување за Големата награда на Турција откако Мерцедес денес го промени моторот на неговиот болид.

Хамилтон во сезоната три пати смее да го промени моторот и со ова промена тој го надмина тоа ограничување, поради што е и казнет. Британецот води со два бода во вкупниот поредок пред Холанѓанецот Макс Ферстапен, возачот на Ред Бул, на седум трки до крајот.

Хамилтон минатата година победи во Турција, освојувајќи ја својата рекордна седма шампионска титула.