Хамилтон како „непријател“ на обложувалниците – тврди дека го знае победникот во Монца

Денес се вози ГН на Италија, на култната патека Монца, каде многумина во минатото се прославувале.

Борбата за шампионската титула влегува во клучна фаза од сезоната, така да секој потег, секој момент, секое претекнување, секој најбрз круг, секој бод е важен во таа битка.

Вчера се оддржаа спринт квалификациите, каде најдобро време оствари вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, но поради тоа што мораше да менува во својот болид, тој денеска ќе стартува од последниот ред.

Токму во тој редослед, Хамилтон смета дека знае или претпоставува кој може да победи на Монца.

Ред Бул се страшно брзи и на Монца, стартуваат први, не би требало да имаат проблеми да победат во Монца“, смета Хамилтон, кој на денешната трка ќе стартува од 4. позиција.