Хамилтон ја прокоментира реакцијата на Леклер по несреќата во Баку

Актуелниот шампион во Ф1, Луис Хамилтон, изјави дека ја разбира фрустрацијата кај младиот возач на Ферари, Шарл Леклер, по вчерашното забивање во заштитната бариера по тесните улички во Баку.

Шарл Леклер имаше потенцијал како што и самиот рече да конкурира за пол позицијата вчера, но несреќното влегување во тесен свиок и потскокнувањето на неговиот болид, заврши фатално по него и неговите аспирации.

И јас би имал иста реакција. Така сите ние стануваме големи возачи. Кога правиме грешка, сами себе се обвинуваме. Можеби кога сте млади повеќе вина и внимание префрлувате на себе. Тоа знае да биде болно“.

„Секогаш имаме голем притисок посебно на вакви патеки, така да се тоа е нормално. Доколку ова мене ми се случеше пред неколку години, јас со денови не би излегувал од соба, така да го разбирам Леклер, иста реакција би имал и јас“, смета Хамилтон.