Хамилтон ја освои пол-позицијата, но Ботас ќе стартува прв

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз во квалификациите пред трката за Големата награда на Турција, но ќе почне од 11. позиција поради казната што ја доби за промената на новиот мотор на внатрешно согорување.

Ова значи дека прв утре ќе стартува Валтери Ботас кој денеска го освои второто место со 328 илјадити делови од секундата побавно време од Хамилтон. Најпријатно изненадување на денешните квалификации беше возачот на Ферари, Шарл Леклерк кој за малку не му го „украде“ третото мето на Ферстапен.

Пред утрешната трка, Хамилтон е лидер во генералниот пласман со само два бода повеќе од Ферстапен.