Хамилтон ја гази конкуренцијата: Најдобар и за ГН на Тоскана

Луис Хамилтон продолжува со својата доминација, денеска се избори за 95. пол-позиција во кариерата, освоена на ГН на Тоскана, Италија.

Британецот едноставно нема конкуренција, па утре со својот тимски колега ќе стартува од првиот ред. Валтери Ботас задоцни само 0.059, што беше доволно време за втората позиција.

Од 3. позиција ќе стартува Макс Верстапен, а во вториот ред ќе му прави друштво Алекс Албон.

Шарл Леклер се избори за 5. стартна позиција, а во топ10 место имаше уште и за Серхио Перез, Ленс Строл, Даниел Рикиардо, Карлос Саинц, Естебан Окон.

Себастијан Фетел повторно разочара, утре ќе стартува од 14. позиција.